За мене

Добредојдовте на мојот блог.

Јас сум Никола Писарев и се бавам со култура, односно со културен развој на селата – “ало дечки” секој ќе каже “каде со тој ум? Овде е неможеш да се бавиш со култура, а камоли со култура во село, овде со култура може само да се заебаваш затоа што овде културата отиде у не-култура, културњаците станаа зихераши во момнетот кога андергроундот изникна на површина и тоа на сред Вардар во облик на инсталација наречена жални врби”, и кога некогашните предводници на сцената станаа протагонисти на 2% од БДП  за култура во облик на урбанистичко харикири и пејсажно/кулисна архи-тортура наречена Потемкин и неговите села 014.

Иако можеби на ова место не може сеуште да гласате, размислете за тоа што нé опкружува, размислете дали можеме нешто да промениме, дали сакаме ваков град, дали ваквиот град ќе не сака нас и на крајот на краиштата кажете на вашите блиски, на вашите деца, мајки, баби што чини, а што не! Можеби така ќе ја поставиме границата помеѓу науката и празноверието, помеѓу светлото и сенката помеѓу уметноста и кичот.

Кога бевме мали пеевме: Скопје радост ти ќе бидеш и градот убав пак ќе никне, кога потпораснавме и сфативме дека сме на работ на тектонските плочи и дека Скопје 3 пати е разурнато од земјотрес (во 9век п.н.е, во 518та и 1963 година) пеевме: Градот убав пак ќе рикне – и стварно рикна, а сега децата на златно славејче пеат: Скопје е мојот град, денес слави на плоштад – е слави, слави, ама знае ли што слави?

*Авторот е културен теоретичар и активист кој повеќе од 15 години се занимава со прашањата на културниот развој на селата и малите заедници и баш му е мило што градовите се уништуваат самите себе си! Ако! 1:0 за селата – и така секогаш авторот мислел дека град потекнува од ГРД ама изгледа така било. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s