Uncategorized

Се распаѓа споменикот на Мечкин Камен, нема везе ќе ни напраи Вале нов поубав у барок!

krusevo_meckin_kamenДодека министерството за култура ги штити недоделканите објеки на 14та споменикот на Мечкин камен може да се распадне веќе следната зима.
Случајно патот ме донесе во Крушево, и што да праам појдов до кај “Камено„ да прошетам и после 20 години повторно да го видам ремек делото на Димо Тодоровски споменикот на Мечкин Камен. И што да видам, споменикот распукан по сите линии и шевови, некогашните пори од каде илегуваа соли и калцинати се претвориле во длабоки пукнатини по иста вертикала и тоа на местата кои ја одржуваат статиката на споменикот. Длабочината на пукнатините кои пред неколку години беа површински сериозно е зголемена и на неколку места и веќе има направено дупки низ кои се наѕира внатрешнто шупливо тело на скулптурата. Вакви пукнатини има 5-6 од кои 2 се долги околу еден метар што е сериозна закана опстојувањето на самата скулптура.
Ја незнам дали некој од Прилепскиот завод за заштита, Републичкиот завод (сега национален конзерваторски центар) или Управата за заштита на културно наследство знае за ова (ако незнаат еве сега знаат) но само да ги потсетам дека запоставувањето на културното наследство од прва категорија е кривично дело. Ако овој споменик не и важен на оваа држава тогаш незнам кој и е важен. Ако можеше МВР 3 месеци да го чува цар Душан на мост мислам дека некој (од горе наведените) итно би можел да реагира и да го реши овој проблем. Ако незнат како нека прашаат некој заварувач што работи бронза или пак нека најдат епоксид кој барем ќе го запре ширењето на пукнатините.
До тогаш на „Камено“ како што го викаат Крушевчани можам да му порачам само едно – Јеби га брат коа не си у барок.

11328836_10152741919981841_765655222_n

Пукнатина на десната нога долга скоро еден метар која го пробила во целост бронзеното тело на скулптурата

11350090_10152741919746841_489959877_n

пукнатини во телото на скулптурата во пределот на потколениците, токму точката која ја регулира статиката на скулптурата и каде е најголемиот напон

11421631_10152741920161841_1096162449_n

Пукнатина во должина од над половина метар на левата нога

10153363_10152741919741841_2034747870_n (1)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s