Uncategorized

Со Land Art за спас на Радика

Дебар 09.11.2014

Група активисти од иницијативата „Да ја заштитиме река Радика“ со поддршка на група уметници изминативе денови изработија гигантски симбол во облик на костур од риба во знак на протест поради идеите и плановите за изградба на браната Луково поле. Самиот симбол кој претствува своевиден ленд арт кој е лоциран во непосреднта близина на месноста Мелничкиот мост преку Дебарското езеро, кој сега заради екстремно нискиот водостој на езерото всушност ги премостува Радика и сувото корито на езерото.
IMG_0042 IMG_0072
Иако во овој период на годината Дебарското езеро најчесто има низок водостој, екстремно нискиот водостој годинава за еколозите и претставниците на иницијативата Радика е потврда дека во Реката Радика нема доволно вода за да се изгради брана од која водата би се делела во два слива. Тие стравуват дека доколку се изгради новата брана и се остварат плановите на владата и ЕЛЕМ водите од Радика кои со милениуми течат кон Дебар и Дрим, вештачки да бидат пренасочени кон Вардар, реката Радика со тек на времето се повеќе ќе се намалува за на крајот да исчезне и остане само колектор на канализациите од селта во реканскиот крај.

IMG_0036 IMG_0069
Активистите со оваа акција сакаат да го свртат вниманитето на јавноста особено на онаа меѓународната која има важна улога во одобрувањето на средствата и плановите за изградба на браната Луково поле за опасностите по биодиверзитетот и по локалното население од Дебарско и Река кои со себе ги носи изградбта на браната.

Симболот во вид на стилииран костур на риба под кој е изпишана пораката „Спасете ја Радика“ е долг 12 метри, широк 2.5 метри, а во него се употребени нешто повеќе од 2 метри куби камен.

IMG_0062IMG_3905
Адем Сулејмановски ликовен уметник и автор на скиците, плановите и фотографиите од интервенцијата на брегот на Дебарското езеро истакнува: „Уметниците мора да се вклучуваат во грѓанските движења и иницијативи, со оваа моја иницијатива која ја остваривме заедно со активистите мислам дека давам добар пример и за останатите мои колеги уметници да се вклучат во граѓанските движења и со нашите (уметнички) идеи да помогнеме да се големи видливоста на акциите и да се даде зголемен креативен момент и на тој начин да ја убедуваме јавноста и надлежните да ги корегираат погрешните политики и планови“.
Наредните денови фотодокументацијата од акцијата ќе биде испратена до сите релевантни домашни и меѓународни организции и институции за заштита на животната средина.

??????????????????????????????? IMG_0014

One thought on “Со Land Art за спас на Радика

  1. Pingback: News – Lajmet – Вести « Save River Radika

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s