Uncategorized

Аеродром сардисан од пчели, над 100 кошници со пчели се лоцирани на 150 метри од О.У Љубен Лапе и на 100 мети од пазарчето во аеродром.

IMG_3786

Оваа година населбата Аеродром особено делот околу пазарот е сардисан од пчели. Пазарџиите ова лето и есен имаат и по над 50 убоди, а скоро секој ден некое дете во ОУ Љубен Лапе е каснато од пчела. Треба ли некој да почине од анафилактички шок (алергиска реакција на убод од пчела) па властите да почнат да го спроведуваат законот според кој чувањето пчели во градски средини е забрането.

IMG_3780

Над 100 кошници со пчели се лоцирани непосредно до оградата на поранешната касарна во населбата Аеродром, жителите постојано се жалат но надлежните се глуви на нивните барања никој не реагира а граѓаните секојдневно жиеат во страв од нови убоди.
– „Не можеме пенџери да отвориме, а отвориш 5-6 ќе ти влезат дома после оди бркај ги, некни внучето ни беше на спиење, отворив да се излуфтира а една да се скрила под перницата. Среќа проверуваме учени сме веќе па маж ми ја најде и ја утепа, инаку внучето од 4 години можеше да го касне а таткому е алергичен..пу пу скраја да е вели после што ќе праев кого ќе требаше да утепам “ тетка Вера И. жител на зградата која е сместена токму помеѓу пазарчето во аеродром и дивите пчеларници.

IMG_3795 IMG_3787

Најкритично е на самото пазарче, роеви пчели кружат околу пазарот (за жал со обично апаратче е скоро невозможно да се фотографираат). На пазарот во Аеродром особено во делот за овошје најчесто е најпразно, купците го одбегнуваат тој дел бидејќи таму има и најмногу пчели едноставно неможе са се помине а да не се налета на пчели, бирањето овошје секој купец го прави на свој ризик да биде каснат.

Во разговор пазарџиите ми кажаа дека на есенава е најлошо. „И порано имаше пчели ама не волку, онде кај беа зградана 10тина кошници сега број не им се знае 100 ли се 200 ли се, ко ќе дојде грозјето за продавање работата станува ужас сезонава само јас имам над 40 убоди, на секој саат два ќе чуеш пцовка а да иб.. мајката пак ме касна. Пред некој ден ме каса пчела а една муштерика докторка ми рече дека тоа што досега не сум имал реакција незначи дека никогаш немам да развијам алергија, искрено страв ме фаќа ама што да правам мора да се работи за да се преживее“ – расказува Ацо звани Шандор продавач на овошје.
img 3993
Во муабетот се вклучија и другите продавачи велат пола грозје го фрламе, пчелите го јадат што да им праиме, неможеме да ги избркаме премногу ги има, муштериите од 10 метра ни викаат ај спакуј кило грозје без пчели, не се издржува вака реагиравме кај инспекциите што доаѓаат на пазров ама ништо еве цело лето ником ништо, најлошо е кога се менува времето пред да заврне тогаш пчелите се најнервозни летаат натака навака, знаеме дека тие касаат во самоодбрана ама пазар е ова има луѓе ќе се исплашат ќе боцнат некого, после ставај ладно, барај нане по тезгите да триеш убодот ама ако фати некој алергија шо праиме – раскажуваат пазарџиите.
На само неколку стотини метри од пазарчето и на нецели 200 метри од пчелите се наоѓа основното училиште Љубен Лапе, децата (другари на син ми) ми раскажаа дека и во школо има пчели и неретко по некој од учениците е каснат. Наставничките и персоналот ги бркаат но тие ниту се моќни ниту им е работа да се расправаат со пчели, некои од учителките се приморани да си носат пипсови и слични средства за да се справат со инсектите.

За мене останувата отворени  прашањата: ТРЕБА ЛИ НЕКОЈ ДА ПОЧИНЕ ОД АЛЕРГИСКА РЕАКЦИЈА па после да се бараат виновниците? Може ли барем еднаш законот да ги штити граѓаните? И на крајот на краиштата каков е квалитетот на медот произведен во вториот по загаденост град во Европа!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s