Uncategorized

Потекло на теоријата на односите со јавноста во стратегтискиот менаџмент и потекло на стратешката комуникација во однос со лидерската комуникација

 За да се добие објаснување  на релациите помеѓу односите со јавноста и стратешкиот менаџмент како и нивната корелација со стратешките комуникации и лидерството и да се објаснат овие прашања неминовно е разложување на самите термини  на нивните основни нивоа и нивно логичко поврзување во неколку целини. Според методологијата на М. Шамиќ[1] објаснувањето на оваа комплексна целина можеме методолошки да ја разложиме на четири насоки – односи со јавноста, стратешки менаџмент, стратешка комуникација и лидерство, и одговорите да ги бараме во рамките на овие единици и нивната меѓусебна корелација и надополнување.

 

Комуникација и стратегија

 

Практично клучниот момент помеѓу комуникацијата и стратегијата се јавува во моментот кога се поставува заедничка цел. Самата цел овозможува – побарува канализирање на комуникацијата и креирање на прото-стратегија. Овој заклучок не наведува на структуирање на целите односно прапочетоците на стратегиите и усмерените комуникации кои одат наназад до времето на стариот палеолит каде обезбедувањето на ловината била заедничка цел на единката, групата (ловците) и заедницата (хордата). Токму поставувањето на целите и структуирањето на начините на нивно остварување ќе го овозможи развојот на човештвото низ историјата/праисторијата[2]  

Во историскиот контекст појавата на стратешките комуникации и нивната улога во своето дело “Потеклото на стратешките комуникации – предходници и паралели во античките држави”  ги проучува Симоне Мур кој вели – Античките држави биле првите кои организирале пораки на големи далечини во големи временски интервали. Истите го правеле ова за да го обезбедат и наметнат својот идентитет и политичка моќ. За да ги постигнат сопствените цели користеле различни форми на комуникација како религијата, војската, писменоста и администрацијата[3]. Истиот автор понатаму изнесува интересни и јасно читливи форми односно медиуми на стратешката комуникација кои овозможувале ширење на влијанијата на раните и античките цивилизации. Како основни форми/медиуму на комуникацијата односно пренесување на одредена порака Мур ги наведува Сакралните и профаните градби, Спомениците, Јавните слики (особено карактеристични за железновременските и предноазиските култури), скулптурите, монетите и календарите. Овие медиуми всушност претставувале начин на комуникација со остатокот на нецивилизираниот свет.

Во историски контекст особено битни се врските кои комуникациите ги развиваат со јавната сфера односно јавниот живот. Прашањето на јавната сфера особено во европската цивилизација детално е обработено од Günter Bentele and Howard Nothhaft во книгата “Strategic Communication and the Public Spherefrom a European Perspective” кои објаснуваат како јавната сфера е поврзана со политиката, демократијата и општеството, односно го следат историскиот развој на јавната свера, ги презентираат моделите на јавната сфера и делумно ги обработуваат консеквенците и импликациите кон нашето разбирање на контекстот на стратешките комуникации. Сублимирано европските перспективи на јавната сфера како основа за структуирање на стратешките комуникации Bentele и Nothhaft ја делат во неколку периоди во кои секој за себе има одредени карактеристики. Античката (грчка) јавна сфера во својата срж е политичка односно лимитирана на одреден број следствено уредувањето на полисите односно градовите во античка Грција. Римската јавна сфера во својата суштина е социополитичка бидејќи овозможува учество на повеќе (избрани) претставници и овозможува право на отворена дискусија. Средновековната јавна сфера иако делумно се базира на римската но напушта дел од нејзините одредници и се ориентира кон монархот и апсолутистот (Pater familias) за на крај да дојде под скоро целосна доминација на религијата односно католичката црква.

Кристализирајќи се низ епохите стратешката комуникација добива една нова димензија односно профилира една нова гранка која се бави со директно исполнување на целите во вид на комуникациски менаџмент. 

 

Комуникациски менаџмент

 

Комуникацискиот менаџмент е покривачки (umbrella) концепт во кој односите со јавноста може да се детерминираат како една или повеќе комуникациски фунции кои заеднички се преплетуваат во профитниот или непрофитниот сектор[4].

Паралелно со профилирањето на одностие со јавноста и долгорочните стратегиски комуникации се јавила и потребата за нивно подетално уредување односно управување и сублимирање во  нова дициплина наречена – менаџмент. Самата етимологија и појавата на менаџментот како гранка на економијата своите корени ги влече од Америка каде менаџментот во првта половина на 20-от век се оформува како засебна научна дисциплина која се појавува како резултат на новите потреби на корпорациите и нивните управувачки структури. Како поддршка на американското потекло на менаџментот можеме да го наведеме и непостоењето на сличен/соодветен термин во било кој од европските јазици вклучувајќи го тука и англискиот од Британија[5].

 

Лидерство и лидерска комуникација

 

Иако поимот на лидерство е со значително постар датум со воведувањето на менаџментот се појавува и потребата од структуирано препознавање и водење на менаџерската комуникација која кога е ориентирана кон надвор резултира со лидерство. Лидерите се индивидуи кои ја водат групата, управуваат, мотивираат и ги инспирираат другите. Тие се мажи или жени кои умеат да влијаат во организацијата или во заедницата, лидерите го привлекуваат вниманието на другите. Тие ги убедуваат другите да ги следат во процесите на постигнувањето на целите кои тие ги задале[6].  За овозможување на правилна комуникација и достигнување на зацртаните цели самите лидери мора да поседуваат одредени способности да ја водат групата – според Менг комуникациските лидери мора да се само-динамични, етички ориентирани, да се во состојба да креираат врски и односи, да имаат капацитет за стратешко одлучување и да имаат широки комуникациски способности. [7]

Иако испреплетени термините на менаџментската комуникација, стратегиската комуникација и лидерската комуникација се разликуваат. Важно е да се напомене дека менаџерската комуникација е интерно ориентирана додека задачата на лидерите воглавно се сведува да бидат водачи на одредени процеси при кои се ориентирани кон пошироките хоризонти и нивна цел е да се водат промените и да се инспирираат визии. [8]

 

 

 

 

Заклучок

 

Развојот на стратешките комуникации, нивното менаџирање, односите со јавноста и лидерската комуникација како засебни гранки на една поширока целина всушност го следат социокултурниот, општествениот и економскиот развој, одговарат на неговите потреби и барања и креираат можности за канализирање, презентирање и имплементирање на нови идеи, концепти и политики.

 

 Bibliografija:

 Meng J (2012) Strategic leadership in public relations – An integrated conceptual framework str. 337

Roebuck DB Building the Foundation of Managerial Leadership Communication, (2012)  стр. 4

Heath, R.L. The Encyclopedia Of Public Relations,(2005) str 151-152

Verčič, D. and James E. Grunig (2003) The Origins of Public Relations Theory in Economics and Stratregic Management.

Deborah J. Barrett,  A Communication Approach for Senior-Level Managers

Митxат Шамиќ, Како настаје научно дело, Свјетлост, Сарајево, 1983

The Cambridge Encyclopedia of Human Evolution, Robert Martin, Steve Jones and David Pillbeam, Cambridge University Press, 1992

Moore Simon, The Origins of Strategic Communication – Precedents and Parallels in Ancient States, (2010)

 

 

 

 


[1] Митџат Шамиќ, Како настаје научно дело, Свјетлост, Сарајево, 1983

[2] The Cambridge Encyclopedia of Human Evolution, Robert Martin, Steve Jones and David Pillbeam, Cambridge University Press, 1992

[3] Moore Simon, The Origins of Strategic Communication – Precedents and Parallels in Ancient States, (2010)

[4] Heath, R.L. The Encyclopedia Of Public Relations,(2005) str 151-152

[5] Verčič, D. and James E. Grunig (2003) The Origins of Public Relations Theory in Economics and Stratregic Management.

[6] Deborah J. Barrett,  A Communication Approach for Senior-Level Managers

 

[7] Meng J (2012) Strategic leadership in public relations – An integrated conceptual framework str. 337

[8] Roebuck DB Building the Foundation of Managerial Leadership Communication, (2012)  стр. 4

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s