Uncategorized

Skopje 2014 , Мажи – Жени 100 : 0

Најспорниот проект на светот “ Скопје 2014 “  покрај од културолошки, буџетски и архитектонски поглед е и родоскрнавење и обид за славење на  хомосексуализмот и  полигамијата .

Големите работи (и бељи) почнуваат случајно

Skopje 2014 , Мажи – Жени 100 : 0

Ако играњето со лего коцки ја развива интелегенцијата тогаш архитектите и творците на бељата наречена Скопје 2014  се зрели да бидат примени на работа како советници на министерот за здравство Тодоров со IQ над 140 и кусур (такви тој си бара) , затоа што само такви генијалци од Центарот на Скопје можеа да направат џиновски громобран од милијарда евра или третина од буџетот на РМ или пресметано во стоки БЕСПЛАТЕН ЛЕБ И МЛЕКО ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЗА 3 ГОДИНИ (1 милион лебови + 1 милион литри мелко за 2 милиони луѓе дневно = 1милион Еур. 1м еур делено со милијарда е 1000 т.е 3 години.

Е ај што цела Македонија нема за леб (и млеко) 3 години него нема ни разонода за јача половина, во огромниот лапидариум и пинакотека под отворено – педербал. Просто кажано нема женски. Кога бев помлад јачината на журките се мереше по количината на женски,  нема женски тапа, има женски топ. Е ако оваа евалуаторска метода ја пренесеме на СК -2014- АА (да е грујо Полат Алендар такви таблици би си стаил на мерцедесот)  одма ќе видевме е дека идејата е тапа. Ама ние сме си слепци уште од Самиола.

Од родова гледна точка СК 014 АА  е тажна тенденција на доминацијата на немоќта (мажи) над моќта (жени) , громобранската инсталација исто така  претставува и домнинација над неразумноста над разумот и на богатството врз сиромаштијата.

Во најголемиот градителски прокет во Македонија (по Мавровскиот хидросистем и кинескиот ѕид – нели Македонија до Токија – Солун е наш за Тетово ќе видиме)  покрај купчето дупликат згради ( театар на 100м од театар, археолошки музеј а стариот од 70ти години уште недовршен) леви мостови на 5 метра еден од друг, министерство за надворешни поголемо од собрание на РМ најзначајно место завземаат скулптурите.

Ги има во сите бои и во сите материјали и од сите периоди: од Антика до вчера (незнам како не им текнало и некоја скулптура од иднината да стават) ги има и на коњи и на магариња, и пешки ги има, и на стол ги има, и на претсол ги има, ма сегде ги има. Дури ги има и во Вардар – не не не фрлени туку засадени како врби (оние за свирчинја) од 2.5мега (мега =100.000) евра по комад  и то крстени – Нада , Рада и Вера така нешто … или Вера е на другарми Гручо мајкаму па ме буни. Како да е има и врби скулптури и крилати пегази и ники и љиљаци и вечни ватри и се има, нема само 2 работи: споменик на индијанците и женска скулптура.

Image

Е индијанците ги сакам али женските поише ама ги нема ни едните ни другите … за дивно чудо од над 100 скулптури во скопје 2014 нема ни една имена женска скулптура, има една пред министерството за надворешни што функционира како кукла од излог односно работа и е да носи градска носија Αla Franka, Шмизлите и слично се од пред 014 и едина изгледа ќе да е мајкаму на ΑλεxαndροΣ Олимпија – ама и таа не уште стокмена.

Епа ако е вака, а вака е срамота е во државата која пропагира 3то дете, се бори против правото на абортус, не дозволува и го колне до 10то колено хомосексуализмот и хомосексуалците, да се немало женски скулптури е резил. Уште по резил е што женското тело нели одсекогаш е муза на уметниците па се вака само со машки скулптури уметниците си останаа неизмузени. Резил е најверојатно што и машките скулптури ги облакаме и соблакаме по потреба но најголем резил по мене е што во една држава која се стреми да стане православна џамахирија претставуваме најголеми скулптури на светот на хомосексуалци  и многубошци.

Ова е мојот став а во следните видео интервјуа можете да ги погледнете и ставовите на: Рамадан Рамадани – Колумнист, Искра Гешовска – теоретичар на културата, Ивана Драгшиќ активист за женски и правата на малцинствата и Жарко Трајановски активист за човекови права.


*приказната е дел од домашна работа на постдипломски студии и не мора да ги одразува ставовите на интервјуираните

One thought on “Skopje 2014 , Мажи – Жени 100 : 0

  1. “… и едина изгледа ќе да е мајка му на ΑλεxαndροΣ …”

    Морону еден неписмен прво проучи ја убаво вистинската историја и историските факти и артефакти и прочисти си го мозокот (што го немаш) од грчка пропаганда па после тоа прави обиди да звучиш паметно и критички, бидејќи вака испаѓаш само тежок празноглав морон.

    Такво име како “ΑλεxαndροΣ” освен во грчка пропаганда и лажна историја и кај тебе во овој измет од текст, не постои. Такво нешто како ΑλεxαndροΣ не постои. ΑλεxαndροΣ никогаш не завршувал на ОС и нема ниту еден историски доказ, натпис или артефакт каде што Александар бил АлександрОС, но ти ова очигледно не го знаеш бидејќи си тапоглав мајмун кој подалеку од Википедија не мрднал. Но ете денес научи нешто. Друг пат преисиптај ги фактите прво или не задирај кај што не ти е место подобро.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s