Uncategorized

Ден на гравот 2012 во село Теарце

Манифестацијата која секоја година привлекува по неколку илјади посетители во селото Тераце и оваа година на 28 Октомври  од 12 часот ќе се организира во рамките на Есенските денови на културата во Долни Полог  2012.  Овој пат за посетителите Теарчани да  зготват над 100 килограми грав и 100 килограми домашна Алва. 

Есенските денови на културата во Долни Полог  2012 од 13 до 31 Октомври годинава по 4-ти пат ќе се организират  во селата Теарце, Пршовце, Глоѓи, Јегуновце и Доброште. Во период од 3 недели ќе бидат организирани десетина културни настани  како концерти, изложби, предавања, дебати за забрзување на локланиот развој и веќе редовната традиционална манифестација Ден на Гравот која ја оганизира Центарот за Едукација и Развој од Теарце со фиансика и логистичка помош на Програмата за културен развој на руралните региони и регионалната Балканска мрежа “Право на Село”

Оваа година за посетителите се организирани незаборани искуства и вкусови за Денот на гравот. Припремени се  3 огромни казани за варење грав како и три за пржење домашна алва, покрај грав и алва за посетителите ќе бидат приготвени и неколку вида колачи и торти од грав и костени кои се типични производи од нашиот крај под Шар планина. Покрај ова за денот на гравот планирана е  и изложба на фотографии и  цртежи на тема ”Волшебното зрно”, концерт на едиствениот селски хор од Макеоднија  кој е од соседното село Пршовце и настап на културно уметничите дручтва од Теарце и Јегуноце.

Покрај денот на гравот во рамките на овогодинешната манифестација Есенските денови на културата во Долни Полог ќе бидат организирани и следните настани:

  • 14.Октомври Задружен дом во с. Доброште 18.00ч  – Проекција на документарни филмови од DOCUFest Призрен
  • 17.Октомври  Простории на МЗ Пршовце,  Изложба на слики и цртежи од Црногорскиот автор Никола Коматина
  • 18.Октомври, 19.00ч Простории на ОУ Кирил Пејчиновиќ – Теарце Предавање на тема – Органско производство на Грав и други мешункасти култури од Др. Мујо Врева, експерт за органско производство од Црна Гора
  • 22.Октомври, 19.00ч ОУ Александар Дренова – Пршовце. Гостување на театарската група од Ростуше со претставата “Султан Сулејман”
  • 27 Октомври, 19.00ч Задружен дом во Јегуновце – Дебата на тема “Локалниот економски развој преку користење на локалните ресурси, традиции и навики” – Воведничар Нади Сабити
  • 29 Октомври, 22.00 Школски двор Пршовце – Концерт на Локалните рок бендови: Ватра од Пршовце, Костени од Јегуновце  и Лиридона од теарце

Идејата за организирање на овој есенски фестивал е  преку иновативен пристап кон културниот развој на руралните региони да се креират предуслови во кои локалните уметници, организации, креативните поединци, граѓанските организации и локалните заедници имплементираат и креираат културни програми  и настани – истакнува Љубомир Анастасовски, програмски координатор во програмата за културен развој на руралните региони.

Есенските денови на култура се произлезени како резултат на  потребите на локалните заедници од Полошкиот регион за забрзување на сопствениот развој како и од нашите заложби за развој на локални културни и развојни политики кои се базираат на потребите, можностите и навиките на локалните заедници и се развиваат во интеракција со локалната понуда и ресурси – вели Анастасовски

Според Метин Муареми од Центарот за Едукација и Разовј од Теарце  денот на гравот како манифестација расте од година на година.

– Првите години имамвме проблем како да ги натераме луѓето да земат учество во овој настан и  да ги претстават своитер производи, денестоа е минато луѓето со нетрпение ги очекуваат активностите на денот на гравот бидејќи дел од производителите на тој ден успеваат да продадат и над 50 килоиграми грав,  се надеваме дека со текот на времето денот на гравот ќе постане своевидна берза за откуп на гравот што на локланите производители ќе им овозможи подобар пласман на гравот но и на другите земјоделски култури. – Истакнува Муареми.

Според градоначалникот на Теарце Исен Асани преку есенските денови на културата и денот на гравот општина Тераце успева да ја подобри сликата за себе и сопствениот имиџ кои со конфликтот во 2001-ва беа потполно уништени.  ” Порано Теарце беше застапено во медиумите само по лошо заради етничките недоразбирања и поделби, иако направивме многу и тоа е сега минато немавме можност тоа да го осознаниме на пошироко ниво, со денот на гравот докажавме дека етничките проблеми се минато а самиот настан е можност за позитивна афирмација на општината и нејзините граѓани” –  вели Aсани.

Организаторите на настанот за сите заинтересирани на учество на Денот на гравот ќе биде  организиаран превоз од и до Скопје и Тетово

За подетални информации обратете се nikola@scca.org.mk или погледнете на  www.rcc.org.mk www.rtvnetwork.net

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s