мислење

Категоризација на најглупи проекти од СК 2014

Она што во последно време се почесто ми паѓа на ум е дека всушност на сите ни стана гајле за сè! Особено за урбаниот пејсаж! Зошто инаку не можам да си објаснам како може толку да сме слепи или изгледа дека се навикнавме ништо веќе да не ни смета и за ништо да не реагираме. Не велам дека треба нешто да кршиме и палиме и тепаме ко Грците некни на Омониа, него барем ај да ја фатиме на мајтап па да си се мајтапиме сами со себе и нашата зачмаеност. Ајде да засукаме ракави да седнеме на точак да повозиме онака туристички и да ги избереме најбезвезните, најсмешните и најнепрактичните работи направени во градот, а и пошироко. Иако конкуренцијата е појака него ли за оскар, јас би предложил избор во следниве категории:

1. Tоп 3 глупи скулптури, односно глупи објаснувања за скулптурите низ Скопје, 2. Најглуп (туп, глуп и неупотерблив) објект на Скопје 2014, 3. Анти архитектонско ремек дело, 4. Фонтана на раскрсница што предизвикала највеќе сообраќајки и секако заради Бадентер и слични, 5. најлегендарната урбанистичко архитектонско уметничка глупост на Албанските партнери.

Категорија 1: Топ 3 глупи скулптури или глупи објаснувања за скулптурите

1. Двете скулптури пред новата зграда на Уставен суд. Скулптурите и не се нешто страшно, туку скулптури на господа т.е маж и жена од 30тите години на минатиот век ама објаснувањето вели: Традиционална македонска градска носија. А бе каква Македонија? Тоа е чиста Alla Franca мода, иако у кондрите се малку Alla Turca.

2. Прометеј у боксерици односно перформансот на другар ми Томе Аџиевски: облечете го Прометеј и натерајте го Фидија да се врти у гроб ко пропелер!

3. Жални врби у Вардар за четврт милион евра – е што риба ќе пошумеше министерот Јакупи за тие пари у Вардар;

4. Оригинални антички скуптури пред Влада – му текнало ли некому дека утре може да има насилни протести пред влада и да ги испокршат до една несакајќи и дека нема да се знае после кој е крив за уништивање на непроценливото (тоа нов термин е за нешто вредно над 100.000.000 евра) национално богатство? Начмиш ли?

Категорија 2:  Најглуп (туп, глуп и неупотерблив) објект на Скопје 2014:

1. Новиот Археолошки музеј заради просечната ширина од само 9 метра, недоволна за сериозно креирање музејска поставка. Објектот има музејски депоа под нивото на реката вардар на далечина од 30м. од истата река;

2. Новата барокно рококојска фасада на Владата со плаво бела анти-демонстрант ограда у ан-фас, партизанскиот споменик у профил и Жабарот у заден план;

3. Преправање на стара зелезничка во неокласична градба. А бе ајвани! Таа е направена во неокласицизам!

Категорија 3: Анти архитектонско ремек дело

  1. Куќата на Мајка Тереза направена у стил што би рекол Звонко Богдан – Свега има, само куќе нема;
  2. Свадбарникот на Пиано Роџер во Белимбегово. Објект посетен од сите можни студенти по архитектура и млади архитекти на пропатување низ Македонија да видат како НЕ треба нешто да изгледа;
  3. Катната гаража у стилу све ми боје лепо стоје кај универзитетска библиотека.

Категорија 4: Фонтана на раскрсница што предизвикала најмногу сообраќајки

Овде не треба да се мисли не треба да се дебатира. Апсолутен победник се 5те фонтани на семафор на бул. Јане Сандански, наречени од Дарко Лешоски “Свети великомаченик Аеродром”, кои кога дува ветер го мократ булеварот и го претвараат у клизалиште, па предизвикуваат сообраќајќи (фала богу уште никој не загинал ваљда пред мраз ќе ги исклучат.)

Категорија 5: Најлегендарната урбанистичко архитектонско уметничка глупост на Албаските партнери

1. Семафор на автопат кај Гостивар, меѓу другото паѓа еднаш месечно кога дува ветер;

2. Новиот плоштад Скендербег, за кој никој незнае ни каде ќе почне ни каде ќе заврши;

3. Триаголниот кружен тек во Тетово.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s