мислење

Врбите што ќе раѓаат грозје

Врбите што ќе раѓаат грозје

Овој текст беше објавен на Фејсбук на 25 април 2012 година, како коментар на проектот на уметницата Искра Димитрова.

Еве го текстот и тука:

Откако пред неколку години во Венеција на офф програмата на биеналето Искра возеше гондола со мртвачки сандак (WC wonderful creatures)  сега дојде редот и на Вардар. Е сега сакам да ја потсетам Искра како (заедно) ги  правевме пресметките во CIX галерија (каде Искра неколкукратно има излагано). Внимателно ги гледав врбите и кесоните во кои се посадени па сега ќе ви направам галериско кураторска пресметка:

Еден кесон е некаде 2×2м,  дубина нека е и 3м и повеќе ширина на ѕид, 40цм е тоа е околу 10м3 бетон x макс.120еур м3 бетон (сосе хидрофоб и адитиви за брани) или 800 еур по кесон (иако како ги направиле поише личат на жардиниери) + армирање и шаловање 1000 + 10 саати за булдожер за ископ по 100еур = 1000 еур + инока тенекија дебелозидна за оплата нека е 50 евра по квардат (толку е на мало у инкс пром у Гостивар) или за кесон 24м2×50= 1200 еур. или вкупно материjал и рака 4000 еур. по кесон или 12.000 за трите  кесона. Сега да додадеме и како што вели Искра елаборат од статичари, хидроинженери, геодети и архитекти нека иде и тоа уште 20.000еур, доаѓаме до cca 32.000 еур и да додадеме за нејзиниот ангажман и авторство уште толку и доаѓаме до 60.000 максимум.

Е сега, каде е родољубието и l’art pur l’art-измот, каде е разликата од 190.000еур? Врбите може и ќе изгледаат убаво, ама да не претеруеме.

Она што ми ја мати водата најмногу е негувањето на врбите во минатите 2 -3 години, поливањето, кастрењето, ѓубрењето… Па зар градинарската работа дури и на уметник од калибарот на Искра вреди 190.000еур? Или ова не се обични врби, тие се “ultimate survival” врби? Ги тренирал Bear Grils и двајца од Пентагон  за да преживеат во Вардар и тренингот кошта 200.000,00 евра. По тој есап треба ли и овоштарите (кои завршиле факултети и школии) да наплаќаат за негување садници, па да дојде кило јабуки 10.000евра? Или уметничкото портфолио makes the difference?

А бе ајде! 250.000 нема Музеј на современа за програма во 2012.

Него ако убаво, глуп народ добри врби – добри врби – многу свирчиња, трај си свиркај си,  ќе си идеме на плажата на Коце, па после ќе рипаме од врбите у Вардар (баш кај таблите забрането капење) па избањати у музеј и накрај ќе чекаме врбите да ни родат грозје … само да не биде кисело.

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s